Албан заедно со неговиот пријател се вратија назад од границата Белановце-Станчиќ. Мислејќи дека граничниот премин е пуштен во употреба, тргнале кон Гњинале. Но, мораа да се вратат назад. Велат дека се разочарани поради тоа што границата и понатаму е затворена.
„Работите беа до никаде. Веќе две години не лажат. Јас честопати доаѓам тука. Да беше отворена границата, ќе поминев со автомобил“, вели жител на кардачки регион.
„Овој граничен премин треба да се отвори што е можно поскоро. Не разбирам зошто не се отвора, можеби крадат пари. Имаше постојани ветувања за оваа граница, или како што рекоа оние претходно, оваа граница беше ветување дадено веќе трипати“, додава друг жител.
Жителите од оваа зона, бараат преминот што ги поврзува Македонија и Косово да се отвори што е можно поскоро.
„Овој граничен премин навистина е важен бидејќи луѓето имаат и роднински врски, па затоа на овој начин се скратува патот. Почнаа со добро темпо. Но, им излезе непредвидена работа од геолошки аспект, земјата почна да се одронува. Мислам дека почнаа со забрзана работа. Верувам дека на крај оваа граница ќе биде отворена“, вели Фериз Дервиши – жител на село Белановце.
Изградбата на пограничниот објект стигнала до третиот кат. Управникот на Царинската управа Куманово, Хулуси Јашари, вели дека доцнењето е резултат на одронот на земјиште.
„Откако започна работата, геолошките анализи потврдија дека составот на земјиштето не е на нивото според кое е направен првичниот проект. Значи видовте дека оваа граница се гради на доста специфично место и е утврдено дека доколку градењето продолжи во делот каде се наоѓа објектот, постои ризик од одрон“, изјави Хулуси Јашари – управник на царина во Куманово.
Иако компанијата изведувач вети дека активностите ќе завршат во јуни, како што вели Јашари, пуштањето на границата ќе се пролонгира до август.
Инаку, владите во Скопје и Приштина, камен-темелникот за границата го поставија во јуни минатата година. Објектот е финансиран од канцеларијата на Европската унија. Овој граничен премин ќе биде заеднички меѓу Македонија и Косово.
РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ