По божиќната пауза, грчките земјоделци денеска ги обновија блокадите низ земјата. Граничниот премин Евзони е целосно затворен за сообраќај во два термини:
- Прва блокада: до 15:00 часот (по македонско време).
- Втора блокада: од 17:00 до 21:00 часот (по македонско време).
Истиот распоред на прекини се очекува и во текот на утрешниот ден.
Состојба на другите премини:
Ники (Меџитлија): Отворен, но можни се ненадејни блокади поради присутната механизација.
Дојран: Сообраќајот се одвива непречено и без најавени протести.
Причина за протестите
Земјоделците протестираат поради високите трошоци за производство, ниските откупни цени и доцнењето на европските субвенции. Се очекува блокадите на патиштата и границите да бидат привремено прекинати од вторник до петок за време на новогодишните празници.