Греманската амбасада ги демантира известувањата дека се укинува работната виза

Германската амбасада соопшти дека не е точно известувањето за новиот закон кој треба да стапи во сила од 1 јануари 2019 година со кој на граѓаните од земјите што не се членки на Европската Унија ќе им овозможи да се вработат во Германија и дека се укинуваат работните визи.

Денеска со соопштение ги демантираше информациите кои во последно време се објавуваат во медиумите во врска со постапката за виза за Германија.

Се вчитува...

„Информациите за нов закон, кој требаше да стапи во сила на 1 јануари 2019 година и кој на граѓаните на земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи шестмесечен престој во Германија без работен договор и без работна дозвола, не се точни. Ве молиме да се информирате на интернет страницата на германската амбасада за предусловите и за времето на чекање за доделување работна виза“, соопшти амбасадата во Скопје.

Извор: ТВ21