Според податоците на Институтот за јавно здравје, во деветата недела од 2025 година се пријавени 2.569 нови случаи на грип, што претставува намалување од 15,4 отсто во споредба со претходната недела. Иако бројот на заболени е намален во однос на претходната недела, тој е четирикратно поголем во споредба со истиот период минатата година и зголемен за 38,4 проценти во однос на последните 14 сезони. Најголем број случаи се регистрирани во Скопје, а најзагрозената група се лицата на возраст од 15 до 64 години, со вкупно 1.465 случаи.
Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, истакна дека најмногу заболени се пријавени во Скопје (515 случаи), следуваат Битола (236), Куманово (203), Струмица (166), Гостивар (141), Тетово (137), Штип (137), Велес (135) и Свети Николе (125). Во останатите градови, бројот на заболени е под 100.
Дистрибуцијата според возраст покажува дека најмногу заболени се на возраст од 15 до 64 години, со вкупно 1.465 случаи.