„Кај децата нема главен родител и втор родител, тие треба да ги гледаат родителите на еднаков начин, но во пракса не е така“ – велат од Иницијативата за еднакво родителство. За оваа цел денеска беше предложено измена на Законот за семејство. Еден од иницијаторите, Наум Рибаровски рече дека системот треба да отвори центри за советување, каде родителите ќе учат како да ги воспитуваат децата.
Овие законски измени ги поддржува и детската амбасада Меѓаши.
Од Народниот правобранител информираат дека од 2015 година, во нивните канцеларии стигнале 52 жалби од родители на кои другиот родител не им дозволува да ги видат децата.