Гробиштата се прошируваат поради големиот број жртви од пожарот во Кочани

По пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ и однесе 59 млади животи, гробиштата во Кочани веќе се прошируваат поради големиот број починати.

Сите жртви ќе бидат погребани во посебен дел од кочанските гробишта, пишува Ројтерс.

Булдужери од општината Куманово работат на терен со цел да помогнат во трагедијата која ни се случи.

-Од колегиумот е упатена препорака за целосно почитување на прогласената 7-дневна жалост, со што се откажуваат сите настани од забавен, културен и од спортски карактер. Упатена е препорака до Управниот одбор на КЈП Водовод да донесе одлука за проширување на парцелите во Градските гробишта и да се определи посебно место за починатите во пожарот. Исто, да се донесе одлука за бесплатно доделување парцели за починатите и за погребните услуги коишто се во надлежност на КЈП Водовод, соопшти Општина Кочани.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното