Македонија

Груби: Нема компромис за албанскиот јазик, нема политика, нема партија, има само нација!

Груби: Нема компромис за албанскиот јазик, нема политика, нема партија, има само нација!

Поранешниот прв заменик-премиер Артан Груби ја поздрави иницијативата на над 250 албански академици против како што пишува тој тенденциите на Уставниот суд за укинување на албанскиот јазик.

Груби пишува дека истата загриженост ја делат и граѓаните без исклучок, но коренот на овој проблем датира од 8 мај, кога не беше почитувана волјата на народот, а ВЛЕН стана дел од новата влада.

Тој нагласува дека кога се зборува за албанскиот јазик, нема партии, туку само народ.

Целосна реакција:

„Ја поздравувам академската и националната храброст на албанските интелектуалци против систематските тенденции за укинување на секое национално достигнување во поглед на рамноправноста во Северна Македонија.

Истата загриженост ја делат и студентите, учениците, граѓаните, сите, без исклучок.

Политичките аматерски акробации, дали има закон или нема закон, судот вака или онака, нè доведоа до оваа состојба, која своите корени ги има во непочитувањето на волјата на граѓаните на изборите од 8 мај од страна на мандатарот и безусловното прифаќање на улогата на подреден од страна на губитниците на изборите.

Албанскиот јазик го зборуваме и ние, и вие!

Кога станува збор за албанскиот јазик, нема компромис, нема политика, нема партии – има само народ!“

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни