Македонија

Груби: Ништо немаше да се случи ако пратениците не го нападнаа претседателот Џафери со пцовки и погрдни зборови

Пратеникот на ДУИ Артан Груби, даде свое видување за вчерашната ситуација, демантирајќи дека постои криза во односите меѓу неговата партија и СДСМ.

„ДУИ целосно го поддржува владеењето на правото, без никакви етнички и било какви влијанија. Сите пртеници на ДУИ беа присутни, од претседателот Ахмети па до болниот Шаќири за да гласаме за одземање на имунитетот на Вељановски. Но, пратениците не успеаја да се воздржат кон коментарите на претседателот. Ништо немаше да се случи доколку претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ја ставеше одлуката на гласање во 23 часот како бевме договорени. Ништо немаше да се случи доколку претседателот а Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања не се договореше со ВМРО-ДПМНЕ да ја стави одлуката во 21 часот, без да не информира и да не почека. Ништо од тоа немаше да се случи доколку некој од пратениците не станеа и не го нападнаа со погрдни зборови претседателот на Собранието“, рече Груби, притоа додавајќи дека нема никаква криза во владеачката коалиција.

„Оваа коалиција го промени името на државата, го промени Уставот, постави јазична рамноправност, и јас сум убеден дека заеднички ќе продолжиме да ги спроведуваме рефомите и дека ќе ги изгласаме сите двотретински закони. Не си разменивме тешки зборови, работата продолжува“, додаде Груби кој за коментарите на Мухамед Зеќири само дополни:

„Многу пати тој давал изјави, а потоа ги менувал“, заврши Груби.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни