Македонија

Груевски со новогодишна честитка: На сите луѓе кои неможеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша

Груевски со новогодишна честитка: На сите луѓе кои неможеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша

Поранешниот премиер Никола Груевски на својот Фејсбук профил упати честитка по повод Новата година.

„Среќна нова 2023 година! Ви посакувам здравјето да Ве служи, љубовта да ве води, мир и спокојството да ве опкружат и среќата да ве следи во секој миг и на секое место!

Агонијата и безперспективноста во Македонија нека се трансформира во нов почеток кон повторен национален и индивидуален триумф!

Бог нека е со Вас и со Македонија!

П.С. На сите луѓе кои неможеа да ме смислат и да ме издржат минатата, само да им кажам, дека оваа ќе им биде дури полоша“, напиша Груевски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни