Свет

„Гугл“ ја прекинува соработката со „Хуавеи“

„Алфабет“ главната фирма на „Гугл“ ги прекинува дел од зделките со кинеските произведувачи на паметни телефони „Хуавеи“. Со тоа дополнително ќе се зголеми тензијата помеѓу Кина и САД.

„Ројтерс“ јавува дека и натмау нема да дојде до целосен прекин на соработката, но тоа ќе ја раздрма оваа технолошка компанија која веќе се наоѓа на удар на американскиот претседател Доналд Трамп.

Овде нема да дојде до потполен прекин на работите меѓу двете компании, затоа што Хуавеи и натаму ќе има пристап на верзиите на софтвер на Андроид.

Најлошото сценарио е дека на корисниците на овие телефони нема да им биде овозможен пристап до апликациите на „Гугл“, односно нема повеќе да можат да ги ажурираат своите Андроид системи, е ќе изгубат пристап и на мејлот на „Гугл“, како и на „Google Play Store“, „Јутјуб“ и сите аплкации во сопственост на „Гугл“.

The post „Гугл“ ја прекинува соработката со „Хуавеи“ appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни