Густата магла и денеска го отежна сообраќајот на дел од патиштата во земјава, а видливоста на повеќе локации е значително намалена. АМСМ информира дека условите за возење се влошени и апелира возачите да бидат особено внимателни.
Најкритично е во околината на Тетово, каде видливоста се намалува и до 40 метри. На Плетвар маглата е со интензитет до 50 метри, а исто толкава намалена видливост има и во Смојмирово, Буково и Делчево.
На Ѓавато видливоста достигнува до 80 метри, во Струмица околу 100 метри, а на Петровец утрово е измерена видливост од околу 150 метри.
АМСМ дополнително предупредува дека поради врнежите од снег на дел од патиштата се вози со зголемено внимание, а возачите се повикуваат задолжително да користат зимска опрема и строго да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.
