Свет

Гутереш ги осуди тестовите на балистичка ракета од Северна Кореја

Гутереш ги осуди тестовите на балистичка ракета од Северна Кореја

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш остро го осудува севернокорејското лансирање на балистичка ракета со долг дострел, што е јасно кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН, изјави денеска портпаролот на ОН Стефан Дижарик.

„Генералниот секретар сè уште е загрижен за ситуацијата на Корејскиот Полуостров. Дипломатскиот ангажман останува единствениот пат кон одржлив мир и целосна и проверлива денуклеаризација на Корејскиот полуостров“, се вели во изјавата на Дижарик.

Северна Кореја денеска потврди дека тестирала интерконтинентална балистичка ракета, а на лансирањето присуствувал и лидерот на таа земја Ким Џонг Ун, пренесоа севернокорејските медиуми.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни