Хакери од Северна Кореја минатата година украле 400 милиони долари во криптовалути

Севернокорејски хакери минатата година украле дигитални средства во вредност од речиси 400 милиони долари во најмалку седум напади на различни крипто платформи, се вели во нов извештај.

Компанијата за блокчејн аналитика, Chainalysis, објави дека ова е една од најуспешните години за сајбер криминалците во оваа затворена источноазиска земја, пренесува Би-би-си.

Нападите главно беа насочени кон инвестициски фирми и централизирани берзи.

Северна Кореја рутински негираше вмешаност во хакерски напади што им се припишуваат.

Хакерите користеле голем број техники, вклучувајќи напади на фишинг, експлоатација на код и малициозен софтвер, за да извлечат средства од „жешките“ криптопаричници на организацијата и потоа да ги префрлат на адреси контролирани од Северна Кореја, соопшти компанијата.

„Жешките“ паричници, за разлика од „ладните“, постојано се поврзани на интернет, што ги прави многу привлечна мета за хакерите.

Многу експерти препорачуваат преместување на големи количини на криптовалути кои не се потребни на дневна основа во „ладни“ паричници, кои не се постојано поврзани на интернет.

Chainalysis наведува дека е веројатно дека многу од минатогодишните напади биле извршени од таканаречената група Лазарус, хакерска група против која САД воведоа санкции.

Се верува дека групата ја контролира главното разузнавачко биро на Северна Кореја.

Групата Лазар претходно беше обвинета за вмешаност во напади со откуп наречен „WannaCry“, кога некои меѓународни банки и Sony Pictures беа хакирани во 2014 година.

Поврзани вести

Благо намалување на нивото на реките, водостојот на природните езера ист како вчера

 Водостоите кај дел од реките во земјава се над просекот за јануари, но бележат благо намалување во споредба со вчера. За разлика од нив, резултатите од последните мерења направени од Управата за...

27 јануари – Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2022 година (четврток), Свети Сава е неработен ден за...

Ова е најплатениот музичар за 2021 година- заработил вртоглава сума

Брус Спрингстин, со заработка од 590 милиони долари е прогласен за најплатен музичар за 2021 година, објави списанието „Ролинг стоун“. Најголем дел од заработката е од продажба на своите...

Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска на првиот ден од зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа, која се одржува во хибриден формат, поради пандемијата, е избран за потпретседател на...

Најважното

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се...

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

ФОТО: Голем пожар во Битола – гори фабрика

Голем пожар во Битола, како што јавува репортерот на 4NEWS.mk станува збор за пожар во производствен погон. Пожарот избувнал...

Еве каква временска прогноза не очекува во следните денови

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес и утре особено во северните...

Сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито

Сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.