Свет

Хан: 2025-та потенцијален датум за преговори со Македонија

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ели дека Македонија може да го фати приклучокот со Србија и Црна Гора, кон патот за членство во ЕУ.

– Државите од Западниот Балкан се уште се слаби и проширувањето на ЕУ е единствениот начин за мирна стабилизација на регионот. Но, кога тие ќе пристапат кон ЕУ не можам да дадам точна проценка – рече Хан за германскиот весник „Ханделсбад“.

Иако не постои прецизен датум, сепак 2025-та година е ориентациската цел од страна на Европската комисија како потенцијален датум на пристапување на земјите со најголем напредок во регионите од Западен Балкан.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни