Министрите за надворешни работи и за одбрана на Македонија Никола Димитров и Радмила Шекеринска денеска во Брисел ќе имаат средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.
Министерот Димитров, во Брисел на министерскиот состанок на НАТО, како што е соопштено, оствари повеќе билатерални средби со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, министерите за надворешни работи на Унгарија, на Кралството Холандија и на Грузија, Петер Сијарто, Стеф Блок и Давид Залкалиани.
Се вчитува...
