ХАОС: Момчето дознало што му прави девојката зад грб со мачката, а потоа буквално ја исфрлил

Во заедничкиот живот, кавгите се вообичаени, па дури и нормални. Но, тие понекогаш кулминираат толку многу што доведуваат до целосен раскол во врската.

Такво искуство имал еден млад човек кога видел како неговата девојка се однесува кон неговата мачка.

Тој анонимно ја сподели својата приказна и објасни дека со девојката се забавува околу две години и дека конечно решиле да започнат заеднички живот.

Меѓутоа, една година пред да ја запознае својата девојка, добил мачка како домашно милениче.

И се беше во ред додека девојката не се всели. Имено, еден ден мачката исчезнала. Набрзо се испоставило дека ја исфрлила токму неговата девојка.

„Мојата мачка ја немаше со часови, ми се слоши од грижа, додека мојот пријател не дојде кај мене и ми ја врати велејќи дека ја нашол две улици подалеку. Ја прашав девојка ми како мачката, која никогаш претходно не се обидела да излезе, заврши толку далеку од мојата куќа и таа призна дека ја избркала. Се налутив и ја избркав од дома“ – заклучил тој.

И како би реагирале во неговата ситуација? Пишете ни во коментари.