Македонија

ХАОС НА ГП ДОЈРАН: Паднат системот на грчка страна, километарски колони на излез од Македонија

ХАОС НА ГП ДОЈРАН: Паднат системот на грчка страна, километарски колони на излез од Македонија

Вонредна состојба вечерва на граничниот премин Дојран. Според информациите од наш репортер на терен, паднат е компјутерскиот систем на грчката страна од границата, што предизвика целосен застој во сообраќајот.

Како што може да се види од фотографиите, формирани се километарски колони од возила кои чекаат да ја поминат границата.

Патниците се револтирани и чекаат со часови, а засега нема официјална информација од грчките гранични служби кога дефектот ќе биде саниран и кога сообраќајот ќе се нормализира.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни