За време на редовен лет на „Кроација ерлајнс“ од Загреб за Стокхолм на 30 септември, бил оштетен багажниот простор на авионот.
Станува збор за куче кое, согласно правилата, било ставено во багажниот простор и кое набргу по качувањето се ослободило од кафезот.
Avioradar.net пишува дека екипажот набрзо слушнал бучава и сфатил дека се работи за куче кое трча и веднаш го откажале полетувањето.
Патниците потоа биле симнати и префрлени во друг авион, а прегледот на багажниот простор открил дека кучето предизвикало штета.
Превозникот потоа одлучил да го извади леталото од употреба како мерка на претпазливост и да го испрати на технички преглед каде се уште се наоѓа авионот Ербас А319.
