Страшни и вознемирувачки снимки од Каракас, Венецуела. Народот против војската. Нов протест предводен од опозицијата во обид да се сруши од власт Николас Мадуро. Протестите продолжуваат и денеска. Според првичните информации над 70 лица се повредени. 40-тина од нив повредите ги добиле од гумени куршуми, двајца од огнено оружје, а останатите имале скршеници.
На страната на демонстрантите имаше и војници. Велат дека го подржуваат Хуан Гваидо.
„Тој за мене е легитимниот петседател од сега па натаму. Што и да се случи, јас ќе го следам до смртта“, вели војник на венецуелската армија.
НОВИНАР: Можете да ни кажете што се случува?
„Излеговме против сето она што се случува. Многумина велат дека армијата е добра, но не е така. Тие се само оние главните, но тоа не е добро. Излеговме тука без ничија дозвола. Немаме пари да одиме дома, да ги посетиме нашите семејства“, додава венецуелскиот војник.
За лидерот на опозицијата ова беше историски ден и повика на нови акции за соборување на Мадуро.
„Ова е вашиот извршен претседател Хуан Гваидо, легитимен командант на вооружените сили. Тврдењето на режимот дека има контрола над силите за вооружување е фарса. Мадуро нема поддршка, ниту почитување на вооружените сили. Ниту на венецуелскиот народ, бидејќи владата не заштитува никого, не дава резултати, не дава решенија. Имаме можност за Венецуела да напредува. Денес, Мадуро нема поддршка од вооружените сили. Денес беше историски ден за земјата, почеток на конечната фаза од операцијата Слобода за крајот на узурпацијата“, рече Хуан Гваидо – лидер на опозицијата.
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека авион на писта го чекал Мадуро, но Русите успеале да го убедат да не се повлекува.
„Колку што јас разбрав тој беше подготвен да замине и донесе одлука која ние ја бараме веќе подолго време. Но, сепак беше убеден од Русите да не го направи тоа. Се надеваме дека ќе ја преиспита својата одлука и ќе се вратиме на тој авион. Да бидеме јасни, го поддржуваме националното собрание, нивниот привремен претседател Хуан Гваидо и го поддржуваме народот на Венецуела“, рече Мајк Помпео – државен секретар на САД.
Со реакција се јави и Европската унија, која порача дека го поддржува народот. Но, за Николас Мадуро пучот не успеа, а сите кои учествувале ќе бидат казнети. Го повика Мајк Помпео да биде сериозен кога дава изјави.
„Мајк Помпео изјави денеска дека реков Мадуро има подготвен авион за да оди во Куба, да побегне, а Русите го спречиле и му забраниле да ја напушти земјата,, Г-дин Помпео, ве молам, бидете сериозни“, изјави Ниолад Мадуро – претседател на Венецуела.
Како последица на случувањата во Венецуела, цените на нафтата на меѓународните пазари ја надминаа границата од 73 долари. Цените се зголемија откако лидерот на венецуелската опозиција Хуан Гуаидо ја повика војската да го поддржи симнувањето од власт на претседателот Николас Мадуро. Извозот на нафта од Венецуела е значително ограничен од американските санкции и економската криза.
ПОДГОТВИ: ЕДИН РАСТОДЕР
The post Хаос низ улиците на Каракас, Венецуела на работ од граѓанска војна appeared first on ТВ21.