Свет

Харис и Трамп со мала разлика во клучните држави

Харис и Трамп со мала разлика во клучните држави

Демократските и републиканските претседателски кандидати Камала Харис и Доналд Трамп остануваат тесно изедначени во седум клучни сојузни држави два дена пред претседателските избори, според најновата заедничка анкета пред гласањето на „Њујорк тајмс“ и колеџот Сиена.

Анкетата покажува дека потпретседателот Харис води со мала разлика во Невада, Северна Каролина и Висконсин, додека поранешниот претседател Трамп води во Аризона. Двајцата имаат тесни маргини во Мичиген, Џорџија и Пенсилванија. Истражувањето е спроведено меѓу 7.879 потенцијални гласачи во седумте држави во периодот од 24 октомври до 2 ноември.

Во сите седум држави, разликата е во рамките на статистичката маргина на грешка на истражувањето од 3,5 проценти.

Околу 40 отсто од испитаниците веќе гласале, а Харис води меѓу нив со осум отсто, додека Трамп води меѓу гласачите кои велат дека најверојатно ќе гласаат, но сè уште не гласале.

Трамп води во Пенсилванија, каде Харис водеше со четири процентни поени во сите претходни анкети на Њујорк Тајмс, објави изданието.

И двајцата кандидати одржуваат митинзи во сојузните држави во последниве денови, при што Трамп денеска говореше во Пенсилванија, Северна Каролина и Џорџија, а Харис беше на турнеја во Мичиген.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни