Сега веќе поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин вчера пред судот во Лос Анџелес се изјасни за невин и тоа по четири точки за силување и уште седум точки за сексуален напад.
Агенцијата АП пренесува дека замениците на шерифот го донеле 69-годишниот Вајнстин во судот со инвалидска количка.
Вајнстин беше завчера екстрадиран во Калифорнија од Њујорк, каде претходно беше осуден на дури 23 години затвор.
Него му претстои второ судење во Калифорнија и можност за уште поголема казна.
Вајнстин беше осуден на 23 години затвор во Њујорк во февруари 2020 година за сексуално злоставување и силување, а во Лос Анџелес го бараа под обвинение за напад на пет жени, во периодот од 2004 до 2013 година.
