Хатчисон за Северна Македонија: САД наесен ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО - 4NEWS.mk
Поврзи се

Македонија

Хатчисон за Северна Македонија: САД наесен ќе го ратификува Протоколот за членство во НАТО

Амбасадорката на САД во НАТО, Кеј Хатчисон, на онлајн брифинг со новинарите од целиот свет, рече дека САД на почетокот на есента ќе го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Таа меѓу другото истакна дека американскиот Конгрес е на страната на Северна Македонија и дека Сенатот ќе постапи согласно досегашните достигнувања на земјата.

-Како што знаете усвојувањето од страна на парламентите на 29 земји одзема време, бидејќи секој Парламент си има свои процедури. Јас очекувам нашиот Парламент да го заврши усвојувањето на почеток на есента. Ова е навистина она што ние сакаме да го видиме. Мислам дека нашиот Конгрес е во ваша корист и мислам дека Сенатот ќе биде во состојба да го направи тоа. Мислам дека кога ќе ја слушнат историјата на Северна Македонија и што сѐ има направено за да ги донесе реформите, поради што всушност и се подготвени за членство, кога ќе ја погледнат мапата и видат како земјата е поврзана со другите земји-членки на НАТО, тоа ќе ги направи уште посилни, ќе го направи НАТО посилно и верувам дека Сенатот наесен ќе постапи за да се случи ова членство-изјави Хатчисон.

Инаку, брифингот со новинарите се одржа во пресрет на 70-годишнината од основањето на  НАТО. Во меѓувреме на 3 и 4 април во чест на годишнината, Вашингтон ќе биде домаќин на бројни настани и манифестации на кои ќе присуствува и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, заедно со неговите колеги од земјите-членки на НАТО. Димитров во Вашингтон ќе отпатува по покана на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Во соопштението на македонското МНР пишува дека Димитров ќе се сретне со државниот секретар на САД Мајк Помпео и неговиот помошник Филип Рикер, со кои ќе разговара за безбедносните предизвици со кои се соочува Алијансата, како и за придонесот на Северна Македонија во глобалната благосостојба.

РЕПОРТЕРКА: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com