Хеликоптер се урна во река во Њујорк, има загинати

Хеликоптер се урна попладнево во реката Хадсон, во близина на Менхетен, Њујорк, при што, според информациите на АБЦ Њуз, има и жртви.

Од Противпожарната служба на Њујорк (FDNY) соопштија дека во хеликоптерот се наоѓале најмалку четири лица.

Несреќата се случила во делот од реката кој е поблиску до брегот на Њу Џерси.

Крајбрежната стража ја потврди интервенцијата и информираше дека бродскиот сообраќај во таа област е привремено запрен.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното