Федералните власи кои ја истражуваат несреќата во која воен хеликоптер Black Hawk, се судри со патнички авион во близината на интернационалниот аеродром „Роналд Реган“ во Вашингтон, ги потврдија изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој веднаш по несреќата заклучи дека хеликоптерот летал превисоко.
Тие објавија дека хеликоптерот управуван од 28-годишната Ребека М. Лобах на рутинска вежба за обука, летал 100 стапки (30 метри) повисоко од дозволеното, односно на висина од 300 стпаки (91 метар), во област каде што максимално дозволената висина е 60 стапки (20 метри) од безбедносни причини.
Националниот аеродром „Роналд Реган“ често е познат во вакви надлетувања на авиони и хеликоптери во исто време, па затоа тоа е рутински лет.
Податоците од црната кутија извлечени од остатоците во реката Потомак покажаа дека оваа ситуација најверојатно се случила, но Националниот одбор за безбедност на транспортот чекаше податоци за контрола на летање за да ја потврди висината на која леташе хеликоптерот.
Податоците од радарот беа заокружени до 100 стапки, што значи дека хеликоптерот летал некаде помеѓу 251 стапки и 349 стапки надморска височина, соопшти NTSB. Во меѓувреме, патничкиот авион во моментот на падот се наоѓал на 325 стапки (99 метри) и добил дозвола за слетување на пистата.
Исто така е кажано дека во последен миг пилотите на авионот се обидуваат да го избегнат судирот со вртење на лево, но било предоцна.
Во трагедијата загинаа сите 67 лица од авионот, како и три лица од хеликоптерот.