Од Центар за управување со кризи информираат дека хеликоптерот на АРМ вечерва нема да полета.
„Во 18:39 часот од Оперативниот центар на Генералштавот на Армијата (ОЦ на ГШ) известени сме дека заради (виша сила) временските прилики (дување на силен ветер), а и краток временски период на дејствување до паѓање на вечерен мрак, хеликоптерот на АРМ нема да полета“, велат од таму.