Македонија

Херојот кој заврши во затвор! ТВ21 го посети семејството на Абдуљфета Алими

Дојде од печалба за да се грижи за мајка му и баба му. Бурим е најмалиот син на Абдуљфета Алими. Товарот од семејството е на негов грб. На маса ги донесе фотографиите од настаните од 27 април, потсетувајќи се што направил неговиот татко таа ноќ, на своето работно место, собраниско обезбедување.

Овде се гледа тако ми како им помага на пратениците кај салата за прес-конференции и имам и видео каде се гледа како му дава вода на сегашниот министер, Манчевски – вели Бурим Алими.

Изненаден од одлуката на судот за затворската казна од 7 години, вели дека на ниту едно од рочиштата немало сведок кој зборувал против неговиот татко, а своето херојство го покажал спасувајќи му го животот на Зијадин Села.

Сопругата на Фетах вели дека херојското дело на нејзиниот сопруг никогаш нема да го заборави. Вели дека се уште ги чува крпите со крв што ги донел дома.

-Јас овие секогаш ќе ги чувам, бидејќи на нив е крвта на Зијадин Села кога маж ми му го бришел челото. Изгоревме сега….не уништија – изјави Нурие Алими.

Таа раскажа и дека Фета бил нападнат од толпата која влегла во Собрание.

-Го донесоа неколку пријатели. Кога влезе внатре изгледаше како да бил нападнат од некое куче, скината облека и повреден. Кога влезе во собата, дојде кај синот и му рече фала на Господ што излеговме живи, бидејќи постоела веројатност да се случи најлошото. Дури синот се фотографираше со неговиот татко кога дојде, и од таму го испрати во болница каде остана еден ден – вели Нурие Алими.

16 лица пред два дена добија вкупна затворска казна од 211 години за учество во настаните од 27 април 2017 година. Судскиот процес за крвавата ноќ почна на 22 август 2018. На почетокот беа осудени 33 лица, но со законот за амнестија усвоен во Собрание, 15 лица добија амнестија. Оперскиот пеач, Игор Дурловски кој остана на обвинителна клупа, во петокот доби ослободителна пресуда. Абдуљфета Алими е осуден на 7 годишна затворска казна, бидејќи по наредба на својот претпоставен ги дал клучевите од собраниските врати.

РЕПОРТЕР: АФРИМ ЈОНУЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни