По енергичниот сингл „Squid Game (Let’s Play)“, неверојатно популарната јужнокорејска серија конечно доби комплетно EP наречено „Squid Game (Let’s Play)“.
Изданието вклучува четири песни произведени од значајни имиња во електронската музика, вклучувајќи ги Alok, Cheat Codes, TOKiMONSTA, но и корејската акапела група May Tree.
„Како и многу други, ја гледав серијата и многу ми се допадна. Како Американец со корејско потекло, гледањето на ваков вид претставување на заедницата поврзано со прифаќање на граничните премини е многу важно за азиските малцинства кои живеат во западните општества. Со оглед на тоа, бев инспириран да напишам нешто уникатно и поврзано со моите корени. Направив песна во која можете да го слушнете мојот глас како интерпретира текст на корејски“, рече Токимонста за неговата песна „The Flower Blooms“.
Иако серијата излезе во септември минатата година, треската „Squid Game“ сè уште трае и со преку 142 милиони стримови на глобално ниво, таа е една од најгледаните на платформата Нетфликс.
Таа со својата квалитетна и важна порака за кратко време ги маѓепса гледачите ширум светот кои сега имаат можност да уживаат и во музичката магија.
