Мејтланд Хенли очекува бебе со својата партнерка која е пред породување, па и станува се потешко да врши некои секојдневни работи.
Имено, за да се увери како и е, Мејтланд одлучил еден ден да стави лажен стомак и да биде „бремен“, и сето тоа да го сними за Тик Ток.
Тој си направил гради од две дижи и лажниот стомак од една лубеница, а сето тоа го завиткал со прозирна фолија.
Видеото е смешно уште на самиот почеток кога Мејтленд се обидува да стане од кревет – и не може поради стомакот.
Партнерката и пријателите можат да се слушнат како се смеат во позадина додека младиот човек се врти на креветот и бара начин да стане на нозе, пренесува The Sun.
На крајот, заклучил дека навистина не е лесно да се биде бремена, но многу жени му пишуваат во коментарите дека и не е толку тешко да се стане со стомак бидејќи не е тежок како колку лубеницата.
https://www.tiktok.com/@maitlandhanley/video/6976218799464926466?referer_url=https%3A%2F%2Fwww.espreso.co.rs%2F&referer_video_id=6976218799464926466&refer=embed&is_copy_url=1&is_from_webapp=v1