Свет

Хонг Конг го укинува карантинот на луѓето со Ковид

Хонг Конг го укинува карантинот на луѓето со Ковид

Хонг Конг соопшти дека повеќе нема да бара од лицата заразени со Ковид-19 да се самокарантираат од 30 јануари, објави Ројтерс.

Со оваа одлука, азискиот финансиски центар ја отстранува една од последните сериозни мерки поврзани со коронавирусот, кои сè уште функционираат на нејзина територија, пренесува БТА.

Отстранувањето на условот за карантин е дел од општата политика на Хонг Конг сега да го третира Ковид не како сериозна респираторна болест, туку како ендемична болест. Слична одлука донесоа кинеските власти на 8 јануари.

„Одлучив да ја укинам наредбата за карантин за пациентите заразени со Ковид. Ова е еден од важните чекори кон нормалноста“, рече лидерот на Хонг Конг Џон Ли на денешната седница на парламентот во Хонг Конг.

Сепак, обврската за носење заштитни маски ќе остане на сила.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни