Балкан

Хорор: Пронајдени три тела во викендица во Хрватска

Хорор: Пронајдени три тела во викендица во Хрватска

Три безживотни тела се пронајдени утрово во викендичка во областа Велика Лудина, кај Поповача, Хрватска.

Околу 06:30 часот во полиција било пријавено дека во викендичка во областа Велика Лудина има тројца мажи кои не се чувствуваат добро. По пристигнувањето на местото на настанот, полициските службеници пронашле три безживотни тела, додека на телата не биле забележани надворешни повреди. На местото на инцидентот се води истрага, предводена од заменик окружниот правобранител при окружното правобранителство Сисак во соработка со експерти од Центарот за форензички испитувања, истражувања и вештачења „Иван Вучетиќ“. Телата се пренесени во Одделот за патологија во Општата болница во Сисак, каде што ќе биде извршена обдукција за да се утврди точната причина за смртта.

Во тек е кривична истрага со која ќе се утврдат сите околности на овој настан, соопшти сисачко-мославинската полиција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни