Балкан

Хорор во амбасадата: Украинската амбасада во Загреб доби пакет со животински очи

Хорор во амбасадата: Украинската амбасада во Загреб доби пакет со животински очи

Пакети со животински очи добиле неколку украински амбасади во Европа, соопшти денеска украинското Министерство за надворешни работи, пишува  Ројтерс .

Крвавите пакети пристигнаа по серија писма-бомби испратени на неколку адреси во Шпанија, вклучувајќи ја и украинската амбасада во Мадрид.  

Пакетите, натопени во течност со карактеристична боја и мирис, се испратени до амбасадите во Хрватска, Унгарија, Холандија, Полска и Италија , генералните конзулати во Неапол и Краков и конзулатот во Брно, напиша портпаролот на Украинското Министерство за надворешни работи,  Олег Николенко , на Фејсбук.

Украинската амбасада во Загреб тврди дека наскоро ќе испрати соопштение за медиумите. 

„Влезот во резиденцијата на амбасадорот во Ватикан беше вандализиран, амбасадата во Казахстан доби извештај за напад, кој подоцна не беше потврден. Амбасадата во САД доби писмо со фотокопија од критички напис за Украина, но како и повеќето други коверти, и ова писмо пристигна во исто време со другите од територијата на една европска земја“, напиша Николенко.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни