Хорор во Бјеловар: Маж си ја убил бабата и тешко ја ранил сопругата

Двајца мртви и едно тешко рането денеска се пронајдени во семејна куќа во Раднички насеље во Бјеловар.

Се се случило утрово околу 10 часот, пишува Дневник.хр.

Се вчитува...

Ранетата жена со повреди опасни по живот е пренесена во Општата болница д-р Анѓелко Вишиќ во Бјеловар.

Таа сега е надвор од животна опасност, според неофицијални информации од болницата во Бјеловар.

Според неофицијални информации една жена е убиена, а друга е тешко повредена. Во куќата е пронајдено и машко тело.

Истрагата, предводена од заменик окружниот државен обвинител е во тек, изјави за Дневник.хр портпаролката на бјеловарско-билогорската полиција, Маја Барбиќ Грубиќ.

Полицијата засега не може да ги потврди неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.

Хрватските медиуми објавија дека мажот наводно ја убил својата свекрва и со нож ја прободел жената во вратот, која со тешки повреди била пренесена во болница.

Мажот наводно се самоубил пред очите на полицајците кои дошле на местото на злосторството.