Хорор во Индија: 30 луѓе загинаа за време на хинду фестивалот!

Најмалку 30 луѓе загинаа, а десетици се повредени во раните утрински часови во средата, кога милиони хинду аџии на Маха Кумб Мела, верски фестивал во индискиот град Прајаград, се собраа да се капат во осветените води на реката на еден од најсветите датуми во хинду-календарот.

Се очекуваше дека на фестивалот, кој се смета за најголем собир на луѓе во светот, ќе се соберат околу 400 милиони хинду аџии од целиот свет.

Очекувајќи рекорден број посетители, индиските власти најавија употреба на нова технологија за управување со толпата за време на овогодинешниот аџилак.

Сепак, ништо не можеше да го спречи стампедото што избувна додека вторникот се претвори во среда – околу 100 милиони луѓе стигнаа до реката за само неколку часа, а потоа во паника се обидоа да заминат, што доведе до смртоносен хаос.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното