Во Италија се води истрага за смртта на деветмесечното бебе кое беше убиено од семејниот пит-бул во Ацера, во провинцијата Неапол.
Имено, таткото на девојчето, 25-годишен мештанец, наводно прво во полиција изјавил дека неговата ќерка била нападната од куче скитник, но подоцна признал дека заспал покрај детето и дека кога се разбудило девојчето било во локва крв, а семејниот пит-бул и ги нанел повредите.
Телото на бебето е однесено на обдукција, а се пребарува и станот во кој се случи трагедијата.
Кога дотичниот ја донел својата ќерка во итната медицинска помош, нејзината состојба веќе била многу сериозна и покрај очајните обиди на болничарите да и го спасат животот, таа починала, пишува Раи Њус.
Иако оваа трагедија шокираше многумина, некои соседи открија дека пред околу една година, пит-бул – заедно со уште едно куче од семејството – нападнале и убиле друго куче за време на прошетка.