Свет

ХОРОР ВО КИНА Млад човек уби шест лица во градинка, меѓу жртвите има и три деца

ХОРОР ВО КИНА Млад човек уби шест лица во градинка, меѓу жртвите има и три деца

Шест лица загинаа, а едно лице е повредено во градинка во провинцијата Гуангдонг во Кина, јавуваат светските медиуми.

Полицијата уапси млад човек (25), осомничен за нападот.

Според првичните информации загинале еден наставник, двајца родители и три деца.

Нападот се случил околу 7:40 часот по локално време, а осомничениот бил уапсен по 20 минути.

Се верува дека станува збор за планиран напад.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни