Полицијата соопшти дека 10 лица биле застрелани откако неколку мажи отвориле оган врз група луѓе кои чекале пред ноќен клуб во Квинс, Њујорк, пренесува ABC News.
Полицијата соопшти дека околу 90 луѓе биле во клубот Амазура, додека околу 15 луѓе чекале во ред за да влезат. Тројца или четворица мажи им пришле и почнале да пукаат во нив.
Застрелани се вкупно 10 лица, сите на возраст меѓу 16 и 20 години. Повредени се шест жени и четворица мажи, но повредите не се опасни по живот. Полицијата соопшти дека верува дека во луѓето биле испукани најмалку 30 истрели.
Осомничените мажи побегнале. Надлежните истражуваат дали пукањето е поврзано со некаква банда, а според полицијата не се работи за терористички напад.