Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот и ја влечел со возилото

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот и ја влечел со возилото
Фото: 4news.mk

На 25.07.2026 во 20:30  часот во село во општина Петровец, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Д.(24) од скопско село.

Тој се сомничи дека околу 18:50 часот во селото, преку отворен прозорец на возилото „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, ја фатил неговата 42-годишна мајка и со возилото ја влечел околу 20 метри, по што го напуштил местото.

Жената се здобила со телесни повреди и била пренесена во јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни