Најмалку 59 лица починаа, а 38 се на интензивна нега во болница во Анкара откако конзумирале алкохол што се произведувал во дестилерии без дозвола.
Врховното јавно обвинителство во Анкара отвори истрага и беа уапсени 28 лица, од кои 25 беа ослободени под судски надзор, јавува РТС, пишува Танјуг.
Тие се осомничени за шверц на алкохол и „предизвикување смрт со можна умисла“.