Храбра учителка требало да биде во пензија, избодена е додека спасувала ученици

Едно дете загина во шокантен напад во основно училиште во Загреб, а меѓу повредените има и наставник кој се обидел да ги заштити учениците. Како што објави ХРТ, ова беше нејзината последна генерација пред пензионирањето.

Маж (19) по нападот се обидел да се самоубие, но полицијата го спречила.

Лекар од загрепската болница „Свети Дух“ за ХРТ изјавил дека наставничката била примена со тешки физички повреди, т.е. со поголем број на убодни рани во пределот на градниот кош. Таа беше однесена на операција.

Како што додаде лекарот, нејзината состојба е стабилна.

„Во моментов таа е стабилизирана, но нејзиниот живот се уште е во опасност“, додаде тој.

Напаѓачот исто така е хоспитализиран, има неколку рани по телото, но тој е „стабилен и неговиот живот не е во опасност“.