Храна која не треба да ја консумирате пред спиење

Постојат продукти во исхраната кои не би требало да ги консумирате пред спиење.

Овие намирници лошо влијаат на организмот и го нарушуваат квалитетот на сонот.

Кафе

Дејството на испиеното попладневно кафе трае подолго од она што мислите. Кофеинот се задржува во вашето тело со часови, поради тоа не се препорачува во попладневните часови.

Мрсна храна

Овој вид на храна претставува товар за дигестивниот систем, предизвикува поспаност и замор. Мрсната храна доведува до зголемување на телесната тежина и до проблеми при спиење. Експертите тоа го препорачуваат како последица на лачењето на хормонот орексин, кој може да го спречи дејството на хормоните кои го регулираат апетитот и сонот.

Алкохол

Алкохолот ја прекинува фазата на долг сон кој е важен за паметење и моторни функции. Затоа после бурни ноќи се будиме ненаспиени.

Чоколада

Чоколадата исто така содржи кофеин. Црната чоколада содржи поголем процент на кофеин поради големата количина на какао во неа. Газираните пијалаци кои содржат карамела, можат во себе да содржат голем процент на кофеин. Исто така овие продукти, содржат многу шеќери.

Зачинета храна

Зачинетата храна ја зголемува телесната температура, што го збунува нашиот мозок, бидејќи температурата на телото опаѓа кога се ближи време за спиење.