Храна која ви помага подобро да заспиете и да го зголемите коефициентот на интелигенција

Редовното консумирање риба им помага на луѓето да заспијат и влијае на зголемувањето на коефициентот на интелигенција, покажа студијата објавена од Универзитетот во Пенсилванија. Станува збор за риба, а истражувачите откриле дека децата кои јадат риба барем еднаш неделно подобро заспиваат и имаат поголем коефициент на интелигенција за речиси пет поени.

Имено, рибата е полна со омега-3 масни киселини – масти кои имаат многу здравствени придобивки.

„Невроните имаат потреба од омега-3 масни киселини за правилна структура и функција на клеточната мембрана“, објаснува неврологот Дон Вон за важноста на исхраната богата со риба.

Додека претходните студии покажаа врска помеѓу потрошувачката на омега-3 и подобрената интелигенција, ниту една не утврди врска помеѓу подобрувањето на спиењето, интелигенцијата и потрошувачката на риба.

Студијата опфатила 541 дете во Кина, речиси подеднакво поделени меѓу момчиња и девојчиња. Истражувачите следеле колку риба јадат заедно со перформансите на децата на тестовите за вербални и невербални вештини како што се вокабуларот и кодирањето, а родителите забележале колку децата спиеле.

Откако сите податоци биле собрани и анализирани, истражувачите откриле дека децата кои јаделе риба барем еднаш неделно, добивале 4,8 поени повеќе на тестовите за интелигенција од оние кои јаделе риба „ретко“ или „никогаш“. Оние кои редовно јаделе риба, исто така подобро спиеле.

„Спиењето е од суштинско значење за здравјето и функцијата на мозокот. „Мозокот ги консолидира важните спомени, заборава бескорисни информации и продолжува да ги практикува вештините научени во текот на денот“, вели д-р Вон.

Истражувачите од тимот, исто така, забележаа дека лошиот сон е често придружен со асоцијално однесување, слабо сознание и низа други проблеми – сето тоа може да се намали со зголемување на количината на риба или омега-3 масни киселини во исхраната.

„Јасно е дека омега-3 масните киселини влијаат на структурата и перформансите на мозокот. Не ја знаеме вистинската количина на конзумирање, па секако е можно зголемениот внес на омега-3 исхрана да доведе до мали подобрувања во когнитивноста, со подобрување на спиењето како посреднички фактор“, заклучува д-р Вон.