Христос се роди!

Православните христијани денеска го слават Божиќ, празникот на Христовото раѓање, еден од најголемите христијански празници.

Во храмовите ширум земјата се одржуваат божиќни литургии, а верниците со молитва и традиционални обичаи го одбележуваат денот кој симболизира љубов, мир и надеж. Божиќ е празник на семејството, солидарноста и духовната радост, со порака за меѓусебно почитување и човечност.

Се вчитува...

Од Македонската православна црква упатија честитки до верниците, повикувајќи на сплотеност, добрина и грижа за ближните.

Христос се роди – навистина се роди.