Бројот на нови електрични возила регистрирани во Швајцарија во октомври е зголемен за 59 проценти во споредба со истиот месец минатата година, објави швајцарскиот Сојузен завод за статистика.
Овие податоци укажуваат на продолжување на растот на интересот на возачите за електричните автомобили, пренесува порталот „Свисинфо“.
Во текот на октомври во Швајцарија биле регистрирани вкупно 26.219 нови моторни возила, што претставува зголемување од четири проценти во споредба со октомври 2025 година.