Во живо 20:00 „Ноќно студио“ со Анастасија Павловска „Кој ги следи студентите“ Гледај
Македонија

Променливо облачно време утре, во западните делови можен слаб дожд – од сабота пад на температурите

Променливо облачно време утре, во западните делови можен слаб дожд – од сабота пад на температурите

Променливо време со повремени сончеви периоди и можност за локални врнежи од дожд нè очекува во наредните денови. Од сабота, пак, се најавува продор на постудена воздушна маса од север, што ќе донесе пад на температурите.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре времето ќе биде променливо облачно, а во западните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. По одделни котлини можна е појава на магла.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 5 до 10 степени, додека максималните ќе достигнат од 14 до 19 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време, со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 17 степени.

Од УХМР информираат дека до почетокот на следната седмица ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.

Од сабота се очекува опаѓање на температурите поради продор на постудена воздушна маса од север. Во петок ќе дува силен, повремено и многу силен ветер од јужен правец, додека во останатите денови ветерот ќе биде слаб до умерен.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни