Свет

Хутите најавија продолжување на нападите врз Израел како знак на поддршка за Иран

Хутите најавија продолжување на нападите врз Израел како знак на поддршка за Иран

Тензиите на Блискиот Исток дополнително се зголемуваат откако јеменските Хути, поддржани од Иран, одлучиле да ги продолжат ракетните и беспилотните напади врз бродските патишта и Израел. Ова го изјавил неименуван функционер на Хутите, пренесува The Times of Israel, повикувајќи се на свои извори.

Според истите информации, првиот напад би можел да се случи уште вечерва.

Хутите претходно ги суспендираа нападите врз бродската рута во Црвеното Море и кон Израел, како дел од договор со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој предвидуваше и запирање на американските напади врз нивните позиции.

Во меѓувреме, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека Израел започнал превентивен напад врз Иран со цел да ги елиминира безбедносните закани кон земјата. Тој посочи дека е прогласена вонредна состојба на целата територија на државата.

Претходно, извор изјави дека израелскиот напад врз Иран бил координиран со Соединетите Американски Држави.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни