Македонија

И кажал дека може да и помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи ќерка и како цариник – жена измамена за 95.400 денари!

И кажал дека може да и помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи ќерка и како цариник – жена измамена за 95.400 денари!

На 14.01.2026 во СВР Скопје, 54-годишна жена од скопско село пријави дека била измамена од едно лице за сума од 95.400 денари.

Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му ги исплатила парите бидејќи тој и рекол дека може да и помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.

Како што е пријавено, после некое време тој престанал да одговара на нејзините телефонски повици, по што сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни