И младата Теона доби бронзен медал на Менделеевата олимпијада

Македонските средношколци постигнаа значаен успех на 60-тото издание на Меѓународна олимпијада по хемија – Менделеев, освојувајќи два бронзени медала. Натпреварот годинава се одржа во Москва, Русија, каде учествуваа млади таленти од повеќе држави.

Бронзените медали ги освоија Теона Ана Георгиевска, ученичка во четврта година во ПСУ „Јахја Ќемал“ од Скопје, и Даниел Христов, ученик во четврта година во СОУГ „Славчо Стојменски“ од Штип.

Во составот на македонскиот тим беа и Даниел Христовски, ученик во трета година во ПСУ „Јахја Ќемал“ – Скопје, како и Георги Николоски, ученик во четврта година во СОУГ „Мирче Ацев“ – Прилеп.

Овој успех има дополнителна симболика, бидејќи за првпат е освоен и „женски“ медал за Македонија на ова престижно натпреварување, што претставува значаен чекор напред за младите научнички во земјава.