Полициски службеници од СВР Тетово и натаму 24 часа го обезбедуваат изгорениот Ковид-модуален обејкт во Тетово.
Според информации на 4NEWS.mk наредбата за се уште 24 часовно обезбедување, е поради тоа што обвинителството може по сослушување на сведоци и повикани лица, може да има потреба од дополнителни анализи и вештачења на одредени предмети.
На листата на лица кои се сослушуваат во тетовското обвинителство, се и роднини на лицата кои загинаа во средата вечерва кога при пожар по 21 часот во рок од три минути целосно изгоре привемениот ковид модуларен објект.
Истрагата со помош на германските експерти треба да биде готова во рок од најдоцна 15 дена, а паралелно обвинителството води и истрага за набавката на модуалрните болници, а одземена е и документација.