И тие успеаа да го исмеваат Зукерберг: „Водата е влажна, а небото се гледа со очи“

Во најновата туристичка кампања на Исланд, видео ги поканува луѓето да го посетат Icelandverse алудирајќи на Марк Зукерберг и неговата компанија која неодамна го промени своето име во Мета.

Во видеото објавено минатата недела, двојникот на Зукерберг, исландскиот актер и писател Јорундур Рагнарсон, кој овде се претстави како Зак Мосбергсон, користи јазик сличен на оној што основачот на Фејсбук го користеше за да ги претставува Мета и Метаверс.

Алудирајќи на изјавата на Зукерберг во која тој рече дека Мета сака да биде првенствено метаверс, водителот во рекламата го опишува Icelandverse како подобрена верзија на реалноста.

„Здраво и добредојде во оваа многу природна средина. Денес сакам да зборувам за револуционерен пристап за поврзување на нашиот свет без да бидеме супер чудни“, вели тој.

Во видеото водителот во еден момент го извалка целото лице со сина кал, што е очигледна пародија на приватниот живот на Зукерберг, односно ситуацијата во која е фотографиран на одмор со крема за сончање на лицето.

Промо видеото стана хит на социјалните мрежи набргу по објавувањето и веќе има над 1 милион прегледи на YouTube.

„Неверојатно“, коментира самиот Зукерберг на објавата на агенцијата на Фејсбук.

„Наскоро морам да отпатувам за Исландверс. Мило ми е што користите и крема за сончање“, изјави тој.