Не можеме да не приметиме дека денеска разни уреди размислуваат наместо нас. Се станува паметно, од телефони, телевизори, автомобили, часовници па до паметни тоалети.
Ваквите работи најпрво беа постапни само како привилегија но сега секој може да ужива во нив и тоа за многу малку пари.
Паметните тоалети работат на принцип на сензори на движење, автоматски се уклучуваат светилките кога влегувате, сама се менува бојата на светлото во завосност од положбата на даската на WC шолјата, како семафор.
Денес не можеме да го замислиме животот без интернет. Во секој момент мораме да бидеме поврзани со својот телефон, а тоа ни го овозможува паметниот часовник кој во себе може да има телефонска картичка или едноставно преку блутут можеме да го поврземе со телефонот и така да разговараме, да праќаме пораки или да сурфаме по интернетот, а притоа да бидете сигурно дека не можете ни да го изгубите телефонот, ниту дека некој може да ви го украде, затоа што часовникот тоа веднаш ќе го забележи и ќе го запали алармот.
Продажбата на вакви паметни уреди во светот расте, а и кај нас состојбата почнува драстично да се зголемува па со се пониските цени и Македонците многу почесто избираат некои од овие уреди или пак избираат паметни телевизиски уреди со чија помош нивните класични телевизори можат да работат како паметни телевизори, со што можат да уживаат во омилените филмови, јутуб каналите или да сурфаат по интернетот, за многу пониски цени отколку да даваат десетици илјади денари за нов паметен телевизор.
Подготви: Наталија Јосифоска

